Кошарка - Супер лига (мажи - 7. коло)

Петти пораз на Пелистер

13.05.2022 08:46

МЗТ Скопје е прв, но ако ниту една од двете екипи коишто веќе обезбедија полуфинале не загуби во следните два натпревара...

Кошаркарите на Пелистер петти пат се поразени сезонава, па откако загубија од ТФТ Скопје со 89:78 остнаа на второто место на суперлигашката табела.

МЗТ Скопје е прв, но ако ниту една од двете екипи коишто веќе обезбедија полуфинале не загуби во следните два натпревара, за првото место и предноста на домашниот паркет во плеј - офот, ќе решава меѓусебниот дуел в Битола во последното коло.

Преостанатите четири екипи се уште се во игра за другите две полуфинални позиции, со тоа што по денешната победа од 73:60 во меѓусебниот меч, Гостивар има најголеми, а Феникс најмали шанси.