Кошарка - Прва лига жени (финална серија)

Бадел 1862 - Баскет кам 73:56 (1:0)

13.05.2022 08:51

Стартуваше финалната серија од максимални пет натпревари или до три победи и тоа со триумф на најдобрата екипа од основниот дел од сезоната.

Бадел четиринаесеттипат или Баскет кам втора сезона ќе ја продолжи доминацијата во женската македонска кошарка. Стартуваше финалната серија од максимални пет натпревари или до три победи и тоа со триумф на најдобрата екипа од основниот дел од сезоната.

Баделки славеа убедливо со 73:56 и поведоа со 1:0 во пресерт на гостувањето во Македонска Каменица в недела со пренос на МТВ 3 во 14.55.