Нов раст на цените на природниот гас
Овонеделните енергетски тензии меѓу Русија и Западот дополнително ги раздвижија нестабилните енергетски пазари, а цената на природниот гас денеска достигна 104 евра за мегават-час, додека пред неколку дена беше 94 евра.

Цените на природниот гас денеска пораснаа откако руската државна компанија Гаспром објави дека повеќе нема да го испраќа тоа гориво во Европа преку гасоводот во Полска поради санкциите наметнати од Москва кон европските енергетски компании.
Овонеделните енергетски тензии меѓу Русија и Западот дополнително ги раздвижија нестабилните енергетски пазари, а цената на природниот гас денеска достигна 104 евра за мегават-час, додека пред неколку дена беше 94 евра.
Гаспром вчера објави дека ќе го забрани користењето на гасоводот Јамал, преку кој гасот стигнува до Германија преку Полска. Гаспром претходно ја прекина испораката на гас за Полска и Бугарија бидејќи тие го одбија барањето на Москва да го платат горивото во рубљи.
Се стравува дека споровите за гас и прекините во снабдувањето ќе продолжат да ескалираат поради војната во Украина.
