Македонија

Наскоро обвинение за пожарот во тетовската модуларна болница

13.05.2022 20:28

Од Јавното обвинителство потврдија дека е лоцирана кривична одговорност, но дека сè уште е во фаза на подготовка обвинителен акт.

Основното обвинителство во Тетово наскоро ќе поднесе пријави за пожарот во модуларната болница во кој животот го загубија 14 лица. Како што пренесуваат повеќе медиуми, во текот на следните денови се очекува предметот да биде доставен до Судот во Тетово, а по завршување на истрагата ќе бидат поднесени четири пријави.

Од Јавното обвинителство потврдија дека е лоцирана кривична одговорност, но дека сè уште е во фаза на подготовка обвинителен акт.

Повеќе медиуми пренесуваат дека Основното обвинителство во Тетово ќе поднесе пријави против три физички и едно правно лице, но од Јавното обвинителство не ги коментираат ваквите објави.

Од таму велат дека следниот период ќе биде поднесено обвинение и дека јавноста ќе биде информирана кога ќе заврши постапката.