Македонија

Силен удар врз малите и средните претпријатија во полошко

14.05.2022 09:42

Пандемијата не толку, но војната во Украина зададе силен удар врз малите и средните претпријатија во полошко, кои го сочинуваат над 90% од пазарот. Никој не може да предвиди во која насока ќе се движиме, сè зависи од глобалниот тренд, велат експертите. Економската политика на Владата е позитивна, но треба повеќе внимание да се обрне на брзите одлуки за задолжувањата, кои се големи, советуваат експертите...

Дел од суровините за производство ги нема, на останатите им расте цената. Војната во Украина го погоди приватниот сектор во полошко, кој е зависен од увоз на репроматеријали, чија цена постојано расте, покажуваат анкетите на Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово

Некои го запреа производството, токму поради оваа причина, но и голем број странски пазари каде ги пласираа производите, им се веќе затворени.

И печалбарите од кои се крепи економијата во полошко особено во летниот период, не покажуваат знаци за некои инвестиции и поголем прилив на пари во нивниот роден крај, велат анализите. Мора да се наоѓаат алтернативни пазари, а владата да го стегне ременот и да биде далеку повнимателна во однос на задолжувањата.

Проблемот е глобален и никој не може да предвиди што ќе се случува во периодов, велат Јусуфи и Реџепи. Позитивна вест е што инфлацијата ни е со коефициент близок на просекот на Европската Унија, а во однос на регионот засега економски добро стоиме.

Зоран Димовски