Отворањето на границите за извоз на маслото за јадење не предизвика намалување на понудата во маркетите
Престанокот на забрана за извоз на маслото за јадење, не се почувствува по понудата во маркетите. Го има во потребното количество но потрошувачите се жалат на цената..

Првите денови откако Владата дозволи извоз на масло за јадење, во маркетите не се почувствува негов недостаток. И производителите и трговците како и дел од потрошувачите имаат свои залихи. Поради тоа нема навалица по еден од основните прехранбени продукти, зејтинот. Велешкиот производител иако до пред забраната извезуваше во Албанија, Косово и БиХ, одлучи неговото производство да остане во земјава.
Потрошувачите задоволни што масло за јадење има на полиците во изобилие, ја снема сликата на недостаток, но не се задоволни од цената.
Производителите не најавуваат дека цената во скоро време ќе се симне. Очекуваат дека до почетокот на есента ќе остане на ова ниво.
Фабриката која масло произведува од сончоглед, оваа пролет добила добри вести од земјоделците, дека оваа индустриска култура е засеана со зголемена површина во земјава.
Петар Печков
