Украина

Верешчук: Во тек се тешки преговори за евакуација на борците од Азовстал

14.05.2022 10:14

Според лидерот на регионалната воена управа на Доњецк Русија постојано има нови услови, а нејзините сили продолжуваат да го гранатираат Азовстал...

Украинската вицепремиерка Верешчук рече дека преговорите со Русија за евакуација на украинските борци од фабриката за челик Азовстал биле „многу тешки“ и дека нивниот исход можеби нема да биде задоволителен за сите страни. Според лидерот на регионалната воена управа на Доњецк Русија постојано има нови услови, а нејзините сили продолжуваат да го гранатираат Азовстал.

Резултатот од преговорите можеби не е по волја на сите, но наша задача е да ги евакуираме нашите момци. Сите до еден – изјави Верешчук.