НАТО
Ердоган: Невозможно е да се поддржат Финска и Шведска
14.05.2022 10:18
Секоја одлука за проширување мора да биде донесена со едногласна поддршка од сите земји членки...

Турскиот претседател Ердоган кажа дека не е возможно Турција која е членка на НАТО да ги поддржи плановите на шведска и Финска да се придружат на Алијансата.
Истакна дека нордиските земји биле „дом на многу терористички организации“. Финскиот план да поднесе барање за членство во НАТО и очекувањето истото да го направи Шведска, ќе доведе до ширење на западниот воен пакт на што се противи Русија.
Секоја одлука за проширување мора да биде донесена со едногласна поддршка од сите земји членки.
