Шведска планира да воведе шестчасовен работен ден

10.04.2014 11:46

Тамошните медиуми објавуваат дека веќе почна да ја тестира ефикасноста и продуктивноста на работниците...

За подобро здравје на работниците и нови работни места, Шведска планира да воведе шестчасовен работен ден. Тамошните медиуми објавуваат дека веќе почна да ја тестира ефикасноста и продуктивноста на работниците.

Градоначалникот на Гетеборг, Матс Пилхелм изјави - „Крајно време е да дадеме шанса на оваа практика“ и појасни дека Градското собрание ќе користи двe различни одделенија за тестирањето.
 
Вработените едниот оддел ќе работат шест часа на ден, а во другиот седум колку што е сегашниот стандард во Шведска, без да имаат намалување на платите.
 
„Се надеваме дека вработените кои ќе работат шест часа во денот ќе земаат помалку боледување, ќе се чувствуваат подобро ментално и физички“, посочува  Пилхелм.
 
Тој очекува со тоа се зголеми продуктивноста на работниците, но и да се создадат повеќе работни места во земјата.