Македонија-Бугарија

Во Софија одржана 19. средба на Историската комисија, наредниот состанок закажан за септември

14.05.2022 11:11

Во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата на дводневната сесија размениле неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование што се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. Биле усогласени и потпишани и записници од претходните средби...

Вчера во Софија заврши 19-та средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, соопшти МНР.

Во конструктивна атмосфера членовите на Комисијата на дводневната сесија размениле неколку предлог идеи за препораки за учебниците од основното образование што се однесуваат на средновековниот и раноосманлискиот период. Биле усогласени и потпишани и записници од претходните средби.

Со заемен договор на двајцата копретседатели на Комисијата, договорено е наредната средба да се одржи во средината на септември годинава.