Промоција на книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски
10.04.2014 12:10
Промоција на книгата „Дневникот на хулиганот“ на Сашо Димоски и перформанс во изведба на актерот Васил Зафирчев ќе се одржат утре (11 април, петок) во 20 часот во просториите на „Интимен театар“ во Битола. Се работи за роман во кој поезијата е проза и прозата е поезија, а на 193 страници се сместени белешките на еден хулиган. Публиката истата вечер ќе може да погледне и 30-минутен буто-перформанс во изведба на Зафирчев. Станува збор за посебен тип на танцов театар кој што потекнува од Јапонија.