НАТО

Финска и Шведска ќе аплицираат за прием во НАТО

14.05.2022 16:45

Бавноста во интеграциите создава безбедносни предизвици. Аргумент повеќе е македонското придружување во Унијата кое што не е почнато. Средба на министерот Османи со украинскиот колега Кулеба на маргините на неформалниот самит на НАТО во Берлин. Хелсинки и Стокхолм треба да ги обелоденат одлуките за членство во Алијансата. Путин го предупреди финскиот претседател, Ниинисто одговори: Владимир влегуваме во НАТО..

Финска и Шведска ќе аплицираат како 31-ва и 32-ра земја членка на НАТО идната недела, објавија шефовите на дипломатиите на скандинавските држави кои се поканети на учествуваат на неформалниот состанок на сојузниците во Берлин. Очекуваат поддршка за брз прием во Алијансата и покрај првичното спротивставување од турскиот претседател Ердоган.

„Се сретнав со мојот турски колега во Маракеш и имавме разговор и за можна Шведска апликација за НАТО. Ниту една од триесетте земји не покрена вакво нешто. Така што се надевам дека ако решиме да аплицираме за членство, ќе можеме да добиеме позитивен одговор од сите членки“, изјави Ен Линде, министер за надворешни работи на Шведска.

„Доколку парламентот донесе одлука, ќе ја испратиме апликацијата за членство во НАТО во средината на следната недела. Шведска планира да преземе ист чекор во ист временски период“, изјави Пеко Хаависто, министер за надворешни работи на Финска.

На вчерашната изјава на Ердоган дека во шведскиот парламент се застапени и курдски терористи, канадската шефица на дипломатија, вели имаме консензус.

„Нашата цел како земја отсекогаш била да ги премостиме различните реалности. Важно е да имаме консензус. Ние цврсто веруваме дека Шведска и Финска треба да пристапат во НАТО. Исто така, посакуваме да има не само пристапување на шведска и Финска, туку брзо пристапување, што е од фундаментално значење во овие околности“, изјави Мелани Џоли, министер за надворешни работи на Канада.

Рускиот претседател Путин со реакција до финскиот претседател дека крајот на политиката на воена неутралност ќе биде грешка што ќе се одрази на руско-финските односи.

Безбедносните предизвици поради бавноста на евроинтеграциите беше тема на средбите на македонскиот министер за надворешни Османи.

„На маргините на министерскиот состанок тој се сретна со украинскиот министер за надворешни Кулеба со кого се согласиле дека Европа и светот се соочени со исклучителни надворешно-политички и безбедносни предизвици и наједноставен пат за демонстрирање на стратешкото лидерство на ЕУ е преку евроинтеграциите на двете држави. Со својот црногорски колега Ранко Кривокапиќ. Заеднички ја осудиле руската инвазија на Украина и посочиле дека заокружувањето на евроинтеграцијата е важна за безбедноста на регионот и Европската Унија“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Ирина Гелевска