Германија
Блинкен на неформалниот состанок на НАТО во Берлин
15.05.2022 10:02
Стејт департментот соопшти дека сојузниците и партнерите ќе разговараат за единствен одговор на континуираната брутална војна на Русија против Украина и за претстојниот самит во Мадрид...

Американскиот државен секретар Блинкен ќе го посети и Берлин на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.
Стејт департментот соопшти дека сојузниците и партнерите ќе разговараат за единствен одговор на континуираната брутална војна на Русија против Украина и за претстојниот самит во Мадрид.
Во соопштението се истакнува и дека сојузниците ќе усвојат нов стратешки концепт на НАТО.
