САД
Масакр во супермаркет во Бафало, убиени 10 лица
15.05.2022 10:07
Единаесет од жртвите се афроамериканци. Масакрот ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“..

18-годишно бело момче отвори оган во супермаркет во Бафало, лоциран во кварт со доминантно афроамериканско население, при што уби 10 луѓе, а повреди тројца.
Единаесет од жртвите се афроамериканци. Масакрот ќе биде истражуван како злосторство од омраза и „расно мотивиран насилен екстремизам“.
Напаѓачот кој и се предаде на полицијата и е во притвор, не е од Бафало и до супермаркетот, според полицијата возел со часови.
