Раритетно богатство на книжни икони
Македонија ја поседува раритетната збирка од книжни икони на балканот. Во прилепската црква „Свето Благовештение“ беа пронајдени 100-тина, реставрирани се 33, а сега се додаваат уште 11 стручно обработени кои го зголемија ова непроценливо богатство. Првите 33 книжни икони ги има видено и светската јавност...

Единаесет обновени книжни икони, графики, се додадени на досега 33-те, сите пронајдени во прилепската црква „Свето Благовештение“ и го претставуваат македонското раритетно богатство, единствено по бројност на Балканот. Книжните икони од 18 и 19, само една е од 17 век, немаат ниту копија, ниту оригинал. Биле наменети за народот, во зачетокот на Просветителството за да им се доближи Библијата.
Пронаоѓањето на книжните икони меѓу таванските греди на црквата пред 18-тина години било како да се открива непроценливо богатство.
Од вкупно 100-тина пронајдени книжни икони, Музејот се надева покрај досегашните 44, да реставрира уште 30-тина.
Првите 33 книжни икони, во 2006 година ѝ беа претставени и на светската јавност со изложбата во Македонскиот културен центар во Њујорк.
Елизабета Митреска
