Украден златен накит во вредност од 30.000 евра во Гостивар

10.04.2014 12:21

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите...

Двајца маскирани сторители од кои едниот со вооружен со пиштол, синоќа извршиле разбојништво над Џ.Р.(69), неговата сопруга М.Р.(63) и нивната снаа С.У.(23) во Гостивар.

Сторителите физички ги нападнале Џ.Р и М.Р. и откако им одзеле златен накит, пари, гасен пиштол и два мобилни телефони во вредност од околу 30.000 евра, ја напуштиле куќата.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.