Македонија

Протест на лозаро-овоштарите од Тиквешијата

15.05.2022 16:36

Неисплатеното за дел од предаденото грозје во винариите од ланската реколта и немањето на вода по каналите за наводнување во тиквешијата пролетва, ги изнесе на блокади лозарите и овоштарите од Кавадарци и Неготино..

Здружението „Тиквешки лозаро овоштари“ протестираше блокирајќи го патот Кавадарци-Неготино. Блокадата беше во траење од два часа а производителите кажаа дека тоа е почеток на изразот на нивното незадоволство. Како два најитни проблеми за решавање, за кои надлежните веќе биле запознаени а земјоделците велат ништо не се презело, се исплата на грозјето откупено лани и пуштање на водата по каналите за наводнувањето во Тиквешијата.

Лозарите имаат конкретен предлог како да се надмине проблемот кои го имаат со неколку винарии, со неисплатеното а предадено грозје од минатата година,

Земјоделците од Тиквешко се лути што сè уште не ги добиле средства за обесштетување од сушата во 2019-та и од мразот пролетта 2020-та година, иако велат дека на други општини и земјоделци овие пари им се исплатени. Сепак апелираат водата најскоро да се пушти, бидејќи цел месец тоа го чекаат.

Лозаро-овоштарите најавуваат дека ќе ги продолжат протестите ако не се слушнат нивните барања.

Петар Печков