МВР

175 санкционирани возачи во Скопје, 65 за брзо возење

16.05.2022 08:49

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 17 мерки за возење без возачка дозвола...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 175 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 65 санкции, 39 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 17 мерки за возење без возачка дозвола.

Изречени се шест мерки за користење на мобилен телефон, 16 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за нерегистрирани возила, соопштуваат од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат.