Најмалку три жртви во два одделни вооружени напади во САД
Најмалку едно лице е убиено, а четири се ранети во пукање во црква во лагуна Вудс во Калифорнија, објавија од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ. Пукање со жртви е пријавено и на еден од пазарите во Хјустон. Во инцидентот две лица загинале, а три се ранети..

Најмалку едно лице е убиено, а четири се ранети во пукање во црква во лагуна Вудс во Калифорнија, објавија од канцеларијата на шерифот на округот Оринџ.
Приведено е едно лице и е пронајдено оружје коешто можеби било користено во нападот.
Пукање со жртви е пријавено и на еден од пазарите во Хјустон. Во инцидентот две лица загинале, а три се ранети. Двајца осомничени се задржани на местото на злосторството, а третиот можен осомничен е префрлен во болница.
Двата инцидента во САД, доаѓаат ден откако 18-годишник уби десет и рани три лица во супермаркет во Бафало, пред да се предаде на полицијата којашто злосторството го смета за расно мотивирано.
Полицијата смета дека тинејџерот кој го снимал нападот и за кој пропатувал 320 километри од местото во коешто живеел, дејствувал сам.
