Петков: Кога ќе се заврши работата, ќе се крене и ветото
Очекувам во најскоро време, во македонската влада да се формира установа за заштита на правата на Бугарите, изјави за бугарски медиум премиерот Петков.

Ќе го кренеме ветото кога работата ќе биде завршена. Очекувам во најскоро време, во македонската влада да се формира установа за заштита на правата на Бугарите, изјави за бугарски медиум премиерот Петков.
„Сите Бугари знаат дека Македонија на долг рок мора да биде дел Европската унија. И сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во Македонија мора да бидат заштитени. Поентата е да се ослободиме од оваа политичка реторика и да работиме. Очекувам дека во најскоро време Северна Македонија да направи некаква институција во склоп на нивната влада за правата на Бугарите“, рече Петков.
Додаде дека целосно ќе го заштитат бугарскиот интерес, и дека долгорочниот бугарски интерес се совпаѓа со долгорочниот интерес на Македонија.
„Кој сака соседот да е сиромашен, да не е во ЕУ и да има затворени граници? Кога ќе се заврши работата, ќе се крене и ветото“, нагласи Петков.
