Алтернатива
Нов четиригодишен мандат за Гаши
16.05.2022 09:35
За Гаши гласаше мнозинството од присутните кандидати, а по изборот рече дека партијата ќе придонесува во политичките процеси во земјата.

Нов четиригодишен мандат за Африм Гаши, кој беше избран на вчерашниот конгрес на Алтернатива за претседател на партијата.
Донесени се и нов статут и програма на партијата до 2026-та година. За Гаши гласаше мнозинството од присутните кандидати, а по изборот рече дека партијата ќе придонесува во политичките процеси во земјата.
Претходно, Гаши изјави дека Алтернатива не е за предвремени избори.
