Г7 со силна поддршка за брзо отворање на преговорите за членство во ЕУ
Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) со силна поддршка за брзо отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во Европската унија...

Групата седум индустриски најразвиени земји (Г7) со силна поддршка за брзо отворање на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во Европската унија.
Го поздрави целосното усогласување на надворешната политика со европската и напредокот на регионалната соработка и енергетската транзиција.
Официјална Софија признава дека долгорочно државава треба да биде дел од ЕУ, но останува на ставот за блокада на европскиот пат, нагласувајќи дека мора да се надмине политичката реторика и да се за заврши работата за ветото да биде повлечено.
Ќе го кренеме ветото кога работата ќе биде завршена. Очекувам во најскоро време, во македонската влада да се формира установа за заштита на правата на Бугарите, изјави вчера за бугарски медиум, премиерот Петков.
