Бесими: Со реструктуирање на буџетот ќе се направи простор евентуално за нови антикризни мерки
Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни,секаде каде што може - ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за новиреакции и мерки, кои со оглед на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни, пишува Бесими.

Преку реструктуирање на буџетот ќе се направи простор и за евентуални мерки кои ќепомогнат во надминување на кризата. Секаде каде што може, ќе се крати соребалансот,на кој веќе се работи, пишува во својата колумна министерот за финансии, ФатмирБесими. Тој посочува дека тековната криза е афтершок од пандемијата и како таква битребало да биде послаба од првичниот удар, како и дека основните сценарија намеѓународните финансиски организации за годинава предвидуваат раст за глобалната идомашната економија.
Во Министерството за финансии веќе се одвиваат консултации со институциите застепенот на реализација на проектите и тековните расходи. Она што со сигурност како министер за финансии можам да го кажам е дека ќе бидеме максимално конзервативни,секаде каде што може - ќе се скрати. На тој начин ќе се направи повеќе простор за новиреакции и мерки, кои со оглед на ситуацијата, најверојатно ќе бидат повторно потребни, пишува Бесими.
Министерот за финансии посочува дека досегашниот одговор на Владата на тековнатакриза е еден од најсилните во регионот.
Од почетокот на кризата, одговорот на Владата изнесуваше 615 милиони евра за меркиза поддршка на економијата и граѓаните. Оваа сума е меѓу најсилните одговори накризата во регионот. Хрватска има издвоено околу 635 милиони евра, Грција 500 милиониевра, Словенија и Албанија предвидуваат по околу 200 милиони евра итн.Нашата целкако Влада е да дадеме поддршка на граѓаните, на ранливите категории пред се, да гозадржиме здравјето на економијата и да ја надминеме оваа криза, а потоа да се вратимена патеката и целта кон која се стремиме - повисоки и одржливи стапки на економски раст, пишува Бесими.
Министерот посочува дека војната во Украина, донесе една битна дилема за носителитена политките. Соочени со кризи, една после друга, а справени со предизвикот да не сеотстапи од зацртаната амбиција за раст и развој, неизбежно се наметнува триаголникотво остварување на трите цели: справување со кризата, одржување на растот и фискална консолидација.
Меѓународниот монетарен фонд и Светска Банка советуваат дека фискалната политикатреба да се прилагоди согласно степенот на изложеноста на економија кон војната воУкраина, состојбата со пандемијата и текот на закрепнувањето на економијата. Од еднастрана, поради неопходната фискална експанзија во многу земји во текот на пандемијата,долгот достигна рекордно високо ниво. Исто така, како резултат на реакцијата нацентралните банки на ценовните притисоци преку затегање на монетарната политика,владите се соочуваат со високи каматни стапки на пазарите на капитал. Сепак, потребата за консолидација не треба да ги спречи владите да дадатприоритет на соодветните мерки за поддршка на стандардот на ранливите категории награѓани, чувствителни на ценовните притисоци и заштита на економијата, пишуваминистерот за финансии во својата колумна.
Тој посочува и дека од аспект на управувањето со јавните финансии за остварување нацелите од неизбежниот триаголник се пристапува од трите страни на буџетот: настраната на расходите со кратење и реприоритизација, на страната на приходите сореформи за поголема ефикасност и консолидација, и на страната на финансирањето соодржливи инструменти.
