80-та ФИФА позиција за Македонија!
Мартовската победа од 2:1 во пријателскиот натпревар против Летонија ја искачи македонската фудбалска репрезентација на две места погоре или на 80-то на априлската ранг листата на ФИФА. Во последните осум месеци ова е втор пласман по вредност на нашата селекција и тоа по оној во септември кога беше 75-та. Со 443 или во растојание од триесетина бода, Македонија е во друштво на Израел и Хаити кои се пред неа и на Оман и на Јамајка коишто имаат послаб рејтинг.

Од противниците на нашата репрезентација во квалификациите за Европското првенство во 2016-та, Шпанија и натаму е најдоброрангирана во светот. Украина напредуваше едно место и сега е на 17-то, Словачка од 50-то се искачи на 46-то, Белорусија остана на 83-то, додека позитивното поместување на Луксембург е за дури осум позиции и тоа на 112-та.
Во светот на врвниот фудбал зад „црвената фурија, остана Германија. Назадуваше Аргентина којашто сега е го дели шестото место со најголемиот ривал Бразил кој отиде нагоре за три позиции. На сметка на „гаучосите“ од третото до петтото место се рапоредија Португалија, Колумбија и Уругвај. Осма е Швајцарија, девета Италија, а со скокот од три места, десетката најдоброрангирани ја комплетира Грција. Интересно од 1-та до 21-та позиција, единствена репрезентација којашто нема да игра на Светското првенство е Украина.