Скок на цената на пченицата на светските пазари
Цената на пченицата на меѓународните пазари скокна и достигна рекордно ниво во последните два месеци, откако Индија, како втор најголем производител во светот, го забрани нејзиниот извоз...

Цената на пченицата на меѓународните пазари скокна и достигна рекордно ниво во последните два месеци, откако Индија, како втор најголем производител во светот, го забрани нејзиниот извоз.
Индија е втор по големина производител на пченица во светот, но претходно не беше голем извозник бидејќи најголем дел од земјоделските култури се продаваа на домашниот пазар.
Владини претставници потврдија дека забраната не е трајна и дека одлуката може да се ревидира.
Овој потег на индиската влада следеше затоа што, поради руската инвазија, извозот на украинската пченица значително се намали.
