Вечерва седница на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
Од опозицијата оценуваат дека досегашната активна блокада на парламентот дава резултати бидејќи, како како што се вели, освен утврдениот дневен ред, владејачкото мнозинство не успеало да изгласа ниеден закон од новата пленарна седница.

По активната блокада на Собранието, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечер ќе одржи седница, на која ќе се дискутира за натамошните чекори на партијата. Од опозицијата оценуваат дека досегашната активна блокада на парламентот дава резултати бидејќи, како како што се вели, освен утврдениот дневен ред, владејачкото мнозинство не успеало да изгласа ниеден закон од новата пленарна седница.
Од СДСМ пак, со став, пропаднаа обидите за блокада на Собранието. Во меѓувреме, не стивнуваат реакциите по објавеното аудио, на кое се слуша гласот на спикерот Џафери како недолично се обраќа кон собраниските служби.
ВМРО-ДПМНЕ бара неотповиклива оставка, премиерот Ковачевски не коментира, од собранискиот претседател и од ДУИ, молк.
Од Кабинетот на Џафери информираа дека за денеска не се планирани активности во законодавниот дом. Причина-проблеми со струјата и нефункционалниот сајт.
Претседателот на Собранието и пратеници до 19-ти месецов се во посета на Бундестагот.
