Евроинтеграции

Корчок: Не постои причина да се одложат преговорите со Скопје и Тирана

16.05.2022 12:30

Шефот на словачката дипломатија, Корчок пред денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, изјави дека една од неговите главни пораки денеска ќе биде дека мора без одлагање да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија, кои чекаат повеќе од две години за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, блокирана од Бугарија...

Словачкиот министер за надворешни работи, Иван Корчок, бара без одлагање да започнат формално преговорите за членство меѓу ЕУ и Северна Македонија и Албанија,

Шефот на словачката дипломатија, Корчок пред денешниот министерски совет за надворешни работи на ЕУ, изјави дека една од неговите главни пораки денеска ќе биде дека мора без одлагање да започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија, кои чекаат повеќе од две години за одржувањето на првата Меѓувладина конференција, блокирана од Бугарија.

„Не постои причина за дополнително одлагање на почетокот на преговорите, тоа е тоа што земјите го очекуваат, еднаш кога ќе ги исполните важните критериуми, ние мораме да испорачаме и тоа мора да го сториме сега. И, што е поважно, затоа што гледаме други конкуренти на Западен Балкан, така што уште еднаш ова ќе биде најдобар наш сигнал“, изјави Корчок.

За словачкиот министер ова е дотолку поважно во контекст на војната во Украина, која тој ја нарече „црно-бел конфликт“, со еден агресор и една жртва.

Корчок увери дека кандидатскиот статус за Украина на ниеден начин нема негативно да влијае за процесот на проширување за Западниот Балкан.