Маџоски излезе од притвор

21.11.2013 14:12

Марјан Маџовски, Шефот на кабинетот на претседателот на Собранието обвинет во мега аферата Шпион, ќе се брани од слобода. Истражниот судија во вторникот донел решение за укинување на притворот, а на оваа одлука не се противело ниту јавното обвинителство. Семејството на Маџовски понудило гаранција од недвижен имот со која ќе се обезбеди негово присуство за судот. Поради влошена здравствена состојба, истиот ден бил укинат и притворот за Зоран Костадиновски вработен во УБК кој се товари за злосторничко здружување.

Во септември годинава полицијата осомничи 20-тина лица кои функционирале како злосторничко здружение и издавале тајни на државата за странски разузнавачки служби.  Сите дваесетмина се обвинети за злосторничко здружување, а за шпионажа само 10-тина од нив. 

Анита Димитријевска