Медсен: Македонија да не се принудува да го смени името
Ниту една земја не треба да биде форсирана на промена на името, вели американскиот аналитичар и публицист Вејн Медсен во интервју за програмата „Гласот на народот“. Притоа тој додава дека е добро што Македонија негува добри врски и со Кина и други земји надвор од Европската Унија...
Македонија да не се принудува да го смени името, вели американскиот аналитичар и публицист Вејн Медсен. На прашањето што бисе случило ако државава ги прекине разговорите за името со Грција, експертот за Балканот псоочува дека тоа нема да биде потег со страшни последици.
„Ако Mакедонија го прекине договорот со Грција ќе има само врева од јужниот сосед, особено од Златна зора. Грција има свои проблеми со европските банкари па во овој момент името се чини неважно за владата во Атина. Некои земји во источна Европа ќе гледаат на тој потег како дел од општиот тренд за несогласување на националните идентитети од време на време, па ова е нешто што многумина го оценуваат како процес на слабеење или целосен колапс на ЕУ, вели Медсен.
