Политика

Ковачевски: ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието од политички причини

16.05.2022 13:05

Со став дека нè чека тешка година, премиерот Ковачевски апелира блокадите да престанат, да се донесат законските решенија за унапредување на стандардот...

ВМРО-ДПМНЕ го блокира Собранието од политички причини заради обезбедување внатрепартиски позиции-вели премиерот Ковачевски. Со став дека нè чека тешка година, апелира блокадите да престанат, да се донесат законските решенија за унапредување на стандардот.

„Досега велев опозицијата, меѓутоа очигледно е дека не е опозицијата, туку дека се работи само за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ги гледаме другите политички партии кои имаат поодговорен пристап од опозицијата, дека ова го прават чисто од политички лични причини, за обезбедување некакви си позиции во самата партија. Уште еднаш ги повикувам сите пратеници во Собранието да бидат на ниво на одговорноста што ја имаат не пред партија, туку пред граѓаните, со оглед дека Собранието треба да работи за да се носат закони што значат унапредување и на стандардот, на задржување на стандардот на граѓаните, меѓутоа и на овозможување подобри услови на компаниите во ова кризно време“, нагласи Ковачевски.

Премиерот порача пратениците да бидат на ниво на одговорноста што ја имаат пред граѓаните, зашто во Собранието, посебно сега, треба да се донесат многу важни закони.