Украина

Зеленски: Окупаторите се во ќорсокак, но не сакаат да признаат

16.05.2022 13:11

Украина се подготвува за нов руски напад во Донбас, Киев со став – потребно е тешко вооружување од западот и „вистинско нафтено ембарго“ кон Русија за да ја порази до крајот на годината...

Украина се подготвува за нов руски напад во Донбас, а Киев тврди дека контранападот на нејзината војска околу Харков е успешен. Контролата на Донбас стана една од примарните цели на Москва. Според западот руските воени напади ќе престанат поради големите загуби и жестокиот отпор.

Окупаторите сè уште не сакаат да признаат дека се во ќорсокак и дека нивната таканаречена „специјална операција“ веќе пропадна. Но, сигурно ќе дојде време кога украинскиот народ целосно ќе ги принуди напаѓачите да ја препознаат реалноста. Се подготвуваме за нови обиди на Русија да го нападне Донбас со цел некако да ги интензивираме нашите движења на југот на Украина“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Советникот на украинскиот претседател рече дека на Украина и треба тешко вооружување од западот и „вистинско нафтено ембарго“ кон Русија за да ја порази до крајот на годината.

Три дена откако по руските напади, пожарникарите сè уште го гаснеа пожарот во селото Дерхачи, северно од Харков.

Целта на агресорот беше да ги уништи сите наши хуманитарни магацини и да направи хуманитарна катастрофа. Но, не успеаја. Сè уште ја имаме помошта, а луѓето продолжуваат да добиваат помош. Ние работиме за победа, а Украина ќе победи“, изјави Вјачеслав Задоренко, градоначалник на Дерхачи.

Продолжуваат руските напади во земјата.

„Високопрецизни воздушни ракети на руските воздушни сили погодија две командни пункта во текот на ноќта во регионот Харков, 16 области на работна сила и концентрација на воена опрема, осум долгорочни пукања и пет складишта за ракетно и артилериско оружје во народна република Доњецк, како и Берестов во народна република Луганск“, изјави Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.

Украина објави снимка на која се гледа како наводно нејзините војници стигнуваат до границата со Русија.

Господине претседателе, врховен командант на вооружените сили на Украина, известувам: денеска, 15 април, 227-от баталјон 127-та бригада за територијална одбрана на Украина отиде на линијата и на границата, на линијата на поделба со руската федерација, окупаторската земја. Господине претседателе, стигнавме до неа, тука сме.“

Во меѓувреме, во Естонија, почнува воена вежба на НАТО, најголемата во историјата на балтикот.

Марина Ристова