Политика

Мицкоски: Да договориме датум за избори, Собранието не го напуштаме

16.05.2022 13:13

Извршниот комитет вечер треба да даде виза за следните партиски потези. Мицкоски лидерска средба за да се одреди датум за предвремени избори.

ВМРО-ДПМНЕ излегува на улица. Покрај блокадата на Собранието, следни чекори на партијата се протести – потврди Мицкоски. Вели, пратениците нема да го напуштат Собранието. Извршниот комитет вечер треба да даде виза за следните партиски потези. Бара лидерска средба за да се одреди датум за предвремени избори.

„Ќе излеземе многу скоро со динамиката на активностите. Но, сѐ е на маса, само не е напуштање на Парламентот, тоа задоволство нема да го има оваа власт, да го напуштиме Парламентот за да можат од Законот за марихуана па наваму сѐ да си поминат“, кажа Мицкоски.

На прашањето дали следен чекор се можни протести, Мицкоски не ја исклучи можноста.