Македонија

Влада: Има механизми за заштита на сите граѓани

16.05.2022 13:17

Ние сме единствената држава во Европа којашто има Министерство за помалите етнички заедници, кое ги унапредува нивните права во секоја смисла, вели Ковачевски.

Државата има институции и механизми за заштита на правата на сите граѓани, вклучувајќи ги и оние коишто се самоопределуваат како Бугари, ова е ставот на Владата по изјавата на бугарскиот премиер Петков.

Ние сме единствената држава во Европа којашто има Министерство за помалите етнички заедници, кое ги унапредува нивните права во секоја смисла, вели Ковачевски.

Петков нагласи дека ветото останува, нема да прави ништо без одлука на бугарскиот парламент и покрај ставот дека на Македонија местото ѝ е во Европската Унија.