Србија

Во Србија повторно дојави за подметнати бомби

16.05.2022 13:27

Над 100 училишта во Белград добиле дојава за подметната бомба, соопшти српското Министерство за образование. По темелните проверки не биле најдени експлозивни уреди...

Над 100 училишта во Белград добиле дојава за подметната бомба, соопшти српското Министерство за образование.

По темелните проверки не биле најдени експлозивни уреди.

Вчера биле примени две дојави за подметната бомба и на железничката станица во Нов Белград и во зоолошката градина.

Во петокот три трговски центри, четири стдиденти домови и некои други објекти во центарот на Белград добиле дојава за бомби.