176 нови случаи на Ковид-19 во последните три дена, двајца починати
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.

Во последните три дена направени се 2.674 тестови, а регистрирани се 176 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 106, Битола – 26, Прилеп – 7, Штип и Ресен – по 5, Куманово, Кавадарци и Охрид – по 4, Гостивар и Кочани – по 3, Кичево и Берово – по 2, Велес, Струга, Гевгелија, Крушево и Демир Хисар – по 1. Од вкупниот број на позитивни (176), регистрирани се 31 реинфекции.
Регистрирани сe 275 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 3 дена (од 13.05 до 15.05.2022), нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (72г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 25.04.-26.04.2022 година.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.859, бројот на оздравени пациенти е 301.035, на починатие 9.291, а бројот на активни случаи изнесува 533.
Досега во земјата се направени вкупно 2.038.551 тестирања на Ковид-19.
