Македонија
Душко Коцевски е нов в.д директор на ПОЦ
16.05.2022 13:56
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денес го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денес го именуваше Душко Коцевски за в.д. директор на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје, кој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Васко Кичевски.
Во својата кариера Душко Коцевски беше заменик директор на ЈП Градски Паркинг Скопје, каде дојде на оваа позиција од менаџерска позиција во приватниот сектор во металната индустрија, a до неодамна беше и Претседател на Извршниот Одбор на ЈП „Паркови и зеленило“.
