Образование

Шаќири оптимист за постигнување договор со СОНК

16.05.2022 14:20

Министерот за образование Јетон Шаќири оптимист дека конечно ќе се постигне договор со СОНК. Очекува утре двете страни да ги разгледаат и усвојат препораките од медијаторот. Инспекторатот ќе утврди до каде е реализирана програмата. Оптимизам дека учебната година ќе заврши на 10-ти јуни…

СОНК и МОН се на чекор до решение. По денешната средба со синдикатот, министерот Шаќири вели дека се приближуваат ставовите. Најави дека ќе се изнајде начин да се зголемат платите на просветарите за бараниот процент.

Утре СОНК оди на нова преговори со Министерството за труд и социјална политика и со МОН. Проблем има со вработените во градинките, кои за април ќе земат намалена плата, односно ќе им се исплатат само придонесите, а не и дневниците.

Доколку не се постигне решение, СОНК најави дека повторно ќе го активира штрајкот. Синдикатот претходно одби две понуди на владата за зголемување на платите од 10 и 12 проценти. Тие бараат да се усогласат платите со минималната, да се изготви нов општ колективен договор во образованието и да пораснат платите за 18,4 проценти.

Викторија Милевска