Се бара решение за пост- ковид пациентите
Состојбата со пандемијата е стабилна, оценува министерот за здравство. Веќе се планира третман на пост-ковид пациенти. Опцијата е да се лекуваат или на едно место или на повеќе клиники. Се прават сценарија и за справување со можен петти бран. Засега, новиот клинички центар останува само желба...

Сè уште не се знае каде ќе се лекуваат пост-ковид пациенти. Дали на една клиника или на повеќе оддели на различни клиники.
Се бара решение, вели министерот за здравство. Паралелно, медицински тим веќе прави симулација за справување со потенцијален петти бран на коронавирус.
Граѓаните ќе продолжат да се лекуваат во постоечкиот клинички центар. За новиот, којшто се најавува со децении, Сали рече дека работна група ќе работи да се стигне до решение.
Покрај Ѓорче Петров и Илинден, министерот не ја открива новата локација на којашто веќе има здравствена установа и се размислува да се прошири дејноста. Во меѓувреме, постоечките капацитети се опремуваат со нови апарати со кои ќе се лекуваат онколошките пациенти.
Воспаление на срцев мускул е нова пост-ковид компликација кај овие пациенти.
Бројот на пациенти со малигни заболувања се зголемува за 3,6 проценти на годишно ниво.
Наташа Јанчиќ Менковски
