БЛИСКИ ИСТОК

Хамас против израелскиот план за проширување на еврејските населби

16.05.2022 15:01

Проектот го сметаат за нов напад врз палестинскиот народ и потврда за, како што велат, „расистичката и колонијалната природа на Израел“.

Палестинското движење Хамас повика на отпор кон израелските планови за изградба на повеќе од 4 илјади станбени единици на Западниот брег.

Проектот го сметаат за нов напад врз палестинскиот народ и потврда за, како што велат, „расистичката и колонијалната природа на Израел“.

Според меѓународното право, Западниот брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим, се сметаат за окупирана територија. Поради тоа, сите еврејски населби во тој регион се сметаат за незаконски.