Ќе се менува тарифниот систем, цените на електричната енергија ќе зависат од потрошувачката
Ќе се менува тарифниот систем за снабдувањето со електрична енергија. Ќе има неколку блок– трифи. Тоа значи, колку повеќе трошите, толку повеќе ќе платите. Пресметките на регулаторна покажале дека 17 домаќинства трошат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата, или 30 проценти од хидропроизводството. Тие ќе плаќаат цена блиску до пазарната. Блоковите нема да важат за ефтината струја, каде потрошувачката ќе биде неограничена...

Најголема тарифна реформа во последните 30 години. Ќе се воведат блок тарифи за потрошувачката на струја. Дали ќе бидат 3 или 4 ќе се утврдува дополнително, но важно за граѓаните е дека ќе плаќаат струја во зависност од потрошеното, велат од Регулаторната комисија за енергетика.
Овој модел ќе важи само за т.н. скапа струја, а целта е најмногу да плаќаат големите потрошувачи. На пример, на 17 домаќинства отпаѓаат 10 проценти од вкупната потрошувачка на домаќинствата или 30 проценти од хидропроизводството.
Според анализите на Комисијата, во земјава има 660 илјади домаќинства, од кои најголем дел или околу 21 насто трошат до 100 киловат часови струја. 53 проценти од потрошеното е во скапа тарифа, додека 47 насто во евтина.
Анита Димитријевска- Велковска
