Управителите на АД „Дојран“ затајувале данок

10.04.2014 12:48

Во период од 2009 до 2012 година како одговорни лица давале лажни податоци за приходите од работењето...

Гевгелиската полиција поднесе кривична пријава против К.К. (55) од село Николиќ-Стар Дојран и В.Т. (56) од Нов Дојран управители на АД „Дојран" и против наведеното правно лице, за сторено кривично дело даночно затајување.

Како што информираат од МВР, пријавените во период од 2009 до 2012 година како одговорни лица во наведената фирма давале лажни податоци за приходите од работењето при тоа одбегнувајќи да платат ДДВ, персонален данок и данок на добивка во износ од 8.190.698 денари на штета на буџетот на РМ.