Македонско оро за Гинис
10.04.2014 12:49
Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа „Танец“...

На крајот на овој месец ќе се игра најголемото македонско оро во светот на локација од Охрид до Струга.
Во него ќе учествуваат 18.000 лица, а ќе биде организирано од Националната установа „Танец“ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што ќе се направи обид да се постави нов Гинисов рекорд во оваа категорија.
Ова го најави Насер Хот, советник во Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, потенцирајќи дека со орото ќе се означи стартот на новата туристичка сезона во Македонија.
