Екипите на Бостон и Далас доминираа во „мајсторките“
Милвоки играше во стил на бранител на титулата само една четвртина, која ја доби со 26:20. Се друго беше во знак на 17-кратниот шампион, кој на полувреме замина со предност 48:43, а во второто целосно го скрши ривалот и славеше убедливо со 109:81...

Милвоки играше во стил на бранител на титулата само една четвртина, која ја доби со 26:20. Се друго беше во знак на 17-кратниот шампион, кој на полувреме замина со предност 48:43, а во второто целосно го скрши ривалот и славеше убедливо со 109:81. Сите линии беа на ниво, но пред сè шутот за 3 поени. Бостон постигна вкупно 22 тројки, а изненади Грент Вилјамс со 27 поени и 7 тројки, Тејтум постигна 23, додека Браун 19 поени.
Кај Милвоки Јанис Адетокумбо импресивен со 25 поени и 20 скока, Холидеј даде 21 поени, но недоволно да се покрие отсуството на повредениот Мидлтон. Јанис воедно стана прв во историјата кој во една серија постигнал над 200 поени, 100 скокови и 50 асистенции. Бостон во финалето на истокот ќе се соочи со Мајами, што ќе биде реприза на пресметката од 2020 година, која ја доби тимот од Флорида.
Во мајсторката на западот, Далас со брилијантна партија на Дончич и Динвиди го прегази Феникс 123:90. Гостите тргнаа жестоко уште од првиот напад, остварија двоцифрена разлика во првата четвртина, а до полувремето заминаа со неверојатни 57:27. Во третиот период Далас имаше и 46 поени предност, а до крајот играше со резервистите и дозволи домаќинот да ја ублажи катастрофата. Дончич со 35 и Динвиди со 30 поени станаа прв тандем во седмиот „плејоф“ натпревар со најмалку 30 поени, по Шекиол Онил и Коби Брајант во 2002 година. Далас е првпат во конференциско финале по 2011 година кога ја освоија единствената титула. Во финалето на западот ќе се соочат со Г Стејт кон во 6 натпревари беше подобар од Мемфис.
