Изречени казни и суспензии по инцидентот во Гостивар
Кошаркарската сезона ќе трае најдолго, сè уште сме со суперлигашкиот дел од натпреварите, но и таму не е мирно. Во борба за место меѓу 4-те екипи кои ќе се борат во „плеј оф“ за титулата, во Гостивар инцидент по кој дисциплинската комисија на МКФ ги казни клубот, но и неколку поединци...

Кошаркарската сезона ќе трае најдолго, сè уште сме со суперлигашкиот дел од натпреварите, но и таму не е мирно. Во борба за место меѓу 4-те екипи кои ќе се борат во „плеј оф“ за титулата, во Гостивар инцидент по кој дисциплинската комисија на МКФ ги казни клубот, но и неколку поединци.
Мачни сцени, провокации, вербални и физички расправии, гаѓање со тврди предмети, празнење на салата во натпреварот Гостивар-Пелистер, по кој имаше реакции и меѓусебни обвинувања, а на крајот и конкретни казни од МКФ. Домашниот клуб е казнет парично кумулативно со 96.000 денари и притоа ќе го игра следниот домашен натпревар без публика.
Од поединците, Бобан Стајиќ нема право на настап на 2 натпревара, а парично е казнет со 32.000 ден. Тренерот на битолчани Марјан Илиевски не смее да го води тимот еден натпревар, а заработи и парична казна од 24 000 денари. Уште 10-мина кошаркари на двата тима се казнети парично, најголем дел од нив со 5.000, додека Никола Малешевич со 15.000 денари. Натпреварот е регистриран со 84-89 за Пелистер, кој на табелата останува со бод зад МЗТ Скопје Аеродром во борба за 1 место во Суперлигата. Гостивар е трет со 47, колку што има и Еуроникел, бод пред ТФТ а три бода пред Феникс.
