Свет

Ирак го зафати песочна бура

16.05.2022 21:44

Ова е осма песочна бура во Ирак од средината на април, а поради црвената магла, видливоста во Багдад и околните градови е намалена на само неколку десетици метри...

Ирак беше погоден од неколку песочни бури поради што стотици граѓани завршија во болница, а воздушниот сообраќај беше запрен.

Ова е осма песочна бура во Ирак од средината на април, а поради црвената магла, видливоста во Багдад и околните градови е намалена на само неколку десетици метри.

Стотици луѓе беа примени во болница поради тешкотии со дишењето, а некои училишта и канцеларии беа затворени.