Партии
ВМРО-ДПМНЕ на голем протест на 18-ти јуни
16.05.2022 22:57
„На 18 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен протест“ – одлука на седницата на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

„На 18 јуни ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи голем народен протест“ – одлука на седницата на извршниот комитет. Од партијата велат дека молкот не опција и оти на овој чекор се принудени поради тоа што власта не сака дијалог.
Најавувам голем протест на 18 јуни, молкот не е опција. Ова е протест за промени и подобар живот.Протестот е изнуден и повеќе од неопходен. Граѓаните се оние кои даваат и одземаат легититет. Македонија нема поле каде не доживува пораз. Блокадата продолжува, испраќаме порака за обединување-изјави Тимчо Муцунски.
