Аграр

Запишување на нови земјоделски стопанства

17.05.2022 09:35

Новите земјоделци и новите фирми треба да се запишуваат во регистарот на земјоделските стопанства. Крајниот термин за пријавување трае сè додека се поднесуваат апликациите за субвенции, односно до 31-ви мај. Евиденцијата е еден од условите за добивање финансиска поддршка. Промените во сопственичката структура исто така мора да се пријават во регистарот...

Новите земјоделски стопанства и земјоделските фирми не ќе може да се запишат и евидентираат во регистарот на Министерство за земјоделство и Агенцијата за ветеринарство сè додека трае поднесувањето на апликациите за добивање на субвенции. Крајниот рок за поднесување на апликацијата е до 31-ви мај. Роковите за поднесување на барањата ги одредува Платежната агенција.

Ова е еден од основите за остварување на правото за државна финансиска поддршка. Оваа обврска ја имаат и оние фармери кои ја зголемиле или намалиле, односно направиле промени во сопственичката структура на површините кои ги обработуваат и на бројната состојба на животните кои ги одгледуваат.

Добивањето на субвенциите во сточарството зависи од бројната состојба запишана во Агенцијата за ветеринарство или бројот на домашни животни на денот на понесување на барањето за субвенции. Пријавувањето се врши во подрачните единици на Министерството за земјоделство каде што живее земјоделецот или каде што се наоѓа седиштето на фирмата.

 

Методија Трајков