Здравство

Стабилна состојбата со Ковид-19

17.05.2022 09:41

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 310.859. Бројот на оздравени пациенти е 301.035, а на починати е 9.291.

Состојбата со Ковид-19 во државата е стабилна. Во моментов активни се 533 ковид- случаи. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата достигна 310.859. Бројот на оздравени пациенти е 301.035, а на починати е 9.291.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од 13 до 15 мај се регистрирани 176 позитивни случаи на Ковид-19, од кои 31 се реинфекции. Нема починати лица. Пријавени се две починати лица од април, кои се дополнително регистрирани преку Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин.

Надлежните сметаат дека постојните ковид мерки треба да останат, иако 99 отсто од нив се укинати. Во моментов пак, се планира третманот на постковид пациентитите.