МВР

За брзо возење казнети 166 возачи на територијата на цела држава

17.05.2022 09:58

53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место...

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 166 возачи.

Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 53 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 113 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.