Мигрант од Авганистан пронајден мртов во Гевгелија
Во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека во близина на железничкиот мост во Гевгелија било пронајдено починато машко лице со убодна рана од остар предмет на телото. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан…

Дваесет и четиригодишен мигрант од Авганистан е пронајден мртов во близина на железничкиот мост во Гевгелија, со убодна рана од остар предмет на телото. Увид на местото бил извршен од Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и екипа на ОВР Гевгелија. Од извршениот преглед кај лицето биле пронајдени лични документи од кои било утврдено дека се работи за 24 годишен мигрант од Авганистан.
Засега нема извештај од Јавното обвинителство, не се знаат ниту мотивите за настанот, ниту кој го сторил истото.
Иако со години е затворена балканската бегалска рута, сепак Македонија останува транзитна земја за многу бегалци од Блискиот Исток. Речиси секојдневно полициските и армиските припадници се со полни раце работа не само за откривање на илегалните преминувања, туку и криумчарење на истите.
Стојне Митева
